macedonian english
 

Дознајте повеќе за КОЛИД

 

Колид е водечка дистрибутивна компанија за производи за широка потрошувачка на територијата на Република Македонија. Основана е во 1991 година како мала компанија во приватна сопственост која од 1994 година почна интензивно да ја изградува својата дистрибутивна мрежа и која денес може да се пофали со најголем возен парк во земјава.

За нашата организација


Организација

 

Денес, горди сме на фактот што Колид и понатаму продолжува да го следи трендот на брзорастечка компанија со една од најголемите дистрибутивни мрежи на оваа територија. Со нашиот досегашен развој продложуваме да градиме висококвалитетен систем на работење кој постојано го унапредуваме во чекор со барањата на пазарот преку следниве сектори.

Сектори:

- Увоз;
- Производство;
- Продажба и дистрибуција;
- Финансии и сметководство;
- Маркетинг;
- IT;
- Складирање;
- Транспорт и логистика;

Колид располага со динамична и обучена продажна сила која функционира преку најсовремен сопствен продажен систем со мобилно програмско решение за нарачки и анализи на продажбата. Продажните агенти се поврзуваат со централниот сервер преку 3G мобилна мрежа која овозможува автоматско процесирање на нарачката до магацинот. За период од еден час од приемот на нарачката, стоката е подготвена за испорака.

Во служба на нашите потрошувачи располагаме и со висококвалитетни кадри во сите сектори на работење, во кои постојано вложуваме преку едукација и развој на нови вештини.


Деловен и Магацински простор


Логистички центри

 

За дистрибуција и складирање на производите, компанијата располага со четири големи магацински центри во Струмица, Скопје, Битола и Штип. Компанијата поседува вкупен магацински и деловен простор од 5700 м2 и разладни комори од 2000 м3 за производите кои треба да бидат одржувани на пониски температури. Во изградба е и нов современ логистички центар во Скопје со простор од 7200м2.

A diverse collection of practical tutorials 2000м2 магацински простор; 400м3 разладни комори;

A diverse collection of practical tutorials 2000м2 магацински простор; 1200м3 разладни комори;

A diverse collection of practical tutorials 500м2 магацински простор; 200м3 разладни комори;

A diverse collection of practical tutorials 700м2 магацински простор; 200м3 разладни комори;

Главен магацин Колешино Струмица:
- 2000м2 магацински простор ;
- 1200м3 разладни комори ;

Магацин Скопје:
- 2000м2 магацински простор ;
- 400м3 разладни комори ;

Магацин Битола:
- 700м2 магацински простор ;
- 200м3 разладни комори ;

Магацин Штип:
- 500м2 магацински простор ;
- 200м3 разладни комори ;

Возен парк


Нашиот возен парк

 

Колид располага со широк возен парк, опремен со нови, современи и технички опремени возила:




- 47 Автомобили
- 45 Возила за достава
  - 21 Комбе
  - 10 Комбиња со разладувачки комори
  - 5 Камиони за сладолед
  - 2 Камиони
  - 5 Pick-up возила

Со повеќе од 90 возила, нашата продажна сила директно посетува повеќе од 5500 купувачи.

Кариера


Нашите вработени

 

Вработените се столбот на нашата компанија и движечка сила во остварувањето на компаниските цели. Тие се оние позади кои стојат успехот и развојот на Колид. Тие се лојални, амбициозни и професионални, подготвени да напредуваат во своето знаење. Од нив се очекува да бидат љубезни, флексибилни и комуникативни, способни за тимска работа и компетентни да одговорат на потребите на сите наши потрошувачи.

Ние постојано вложуваме за нивно понатамошно усовршување, преку различни облици на обука и едукација, применливи за решавање на новите работни предизвици. Со повеќе од 250 вработени, нашата компанија бележи интензивен раст и постојано отвара нови работни места во сите сектори на работење.

За нашите потрошувачи редовно правиме промоции и дегустации во сите поголеми маркети во државата. Ако сте амбициозна и вредна, комуникативна и љубезна девојка, може да станете промотер на нашите производи.

Ако Вашите амбиции и квалитети ги препознавате во нашиот работен кадар и сакате да бидете дел од успехот на оваа компанија Ве молиме испратете ја Вашата лична биографија на info@kolid.com.

Ние го вреднуваме Вашето знаење и искуство,
Ви нудиме можност за успешна кариера и усовршување.